Милан на лето го продава Андре Силва

Португалскиот интернационалец Андре Силва дојде како големо засилување изминатото лето на „Сан Сиро“, но речиси сигурно ќе го носи дресот на Милан само една сезона. Тој се уште нема постигнато гол во Серија А, па иако постигна дури осум во натпреварите од Лигата на Европа, дефинитивно не ги оправда очекувањата и парите вложени во него.

Италијанските медиуми откриваат дека Милан веќе го ставил напаѓачот Андре Силва на трансфер – листа и очекува од него да заработи околу 38 милиони евра, односно да си ја врати инвестицијата што му ја плати на Порто за неговото доаѓање. За него се интересираа Арсенал и Евертон, но конкретна понуда оваа зима доставил единствено Вулверхемптон. Милан, сепак, одбил да го продаде на овој англиски клуб за сума од 35 милиони евра.

Се вчитува...