Италијанскиот калчолигаш Милан ги одреди трансфер целите за престојната сезона, а еден од оние кои се најде на радарот на славниот тим е репрезентативецот на Полска и член на Астон Вила, Мети Кеш.
Овој 25-годишен десен бек е веќе подолго време е на радарот на Милан, а наскоро се очекува и официјално да бидат започнати преговори за негова преселба во Италија.
За фудбалерот кој одигра 29 натпревари во Премиерлигата оваа сезона Милан е подготвен да издвои 25 милиони евра, што е за 10 милиони евра помалку од сумата која ја бара Астон Вила. Сепак, англискиот тим се соочува и со можност за прекршување на финансискиот фер-плеј па може да биде принуден да ги прифати условите на „росонерите“ особено ако се знае дека на Унаи Емери му беше кажано дека ќе мора да продаде некој од првотимците пред да може да тргне во летен шопинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА