Милан најде купец за Тео Хернандез, но…

По сезоната во која Милан се закити со трофејот во Суперкупот на Италија, но потфрли во сите останати натпреварувања следи реконструкција на тимот. Еден од оние кои се на излезните врати е и Тео Хернандез, францускиот бек со преголеми примања чиј договор истекува на крајот на следната сезона.

Со оглед на тоа што Милан нема да биде дел од европските натпреварувања во сезоната која следи раководството цели на заработка од 27-годишникот. Очекувано најголемата сума доаѓа од редовите на саудиските тимови па така Италијанците се веќе во завршна фаза од преговорите со Ал Хилал, кој е подготвен да плати 30 милиони евра за да го доведе овои фудбалер во своите редови.

Сепак последната одлука за трансфер му припаѓа на францускиот репрезентативец кој според информациите на медиумите во Италија цели кон останување во Европа.

Се вчитува...