Милан најде „спасител“ да го купи Тео Хернандез

Милан конечно стави крај на сагата наречена Тео Хернандез откако успеа да договори трансфер на францускиот репрезентативец во Ал Хилал. Преговорите помеѓу трите страни се завршени, постигнат е договор па се очекува само 27-годишникот официјално да биде претставен како нов фудбалер на амбициозниот саудиски клуб.

Хернандез беше незаменлив дел од „росонерите“, меѓутоа со влезот во последната година од договорот направи големи проблеми на италијанскиот клуб. Неговиот придонес на теренот беше скромен, а постоеше и тензија помеѓу фудбалерот и раководството па тоа резултираше и со намалување на трансфер цената.

И покрај тоа што Милан се надеваше дека за него ќе добие сума од 35 милиони евра на крајот се задоволи со само 25 што е за пет помалку од „црвената“ граница која Италијаните ја поставија во преговорите.

За Хернандез тоа ќе биде шестти клуб во кариерата. Претходно настапуваше и за вториот тим на Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, а помина и две сезони на позајмици во Алавес и Реал Сосиедад.

Се вчитува...