Милан не бил првиот избор за Модриќ, познато е кој клуб го одбил Хрватот

Лука Модриќ по крајот на Светското клупско првенство и официјално ќе стави крај на ерата помината во Реал Мадрид. Очекувањата се дека ќе следи преселба во Милан кој ги прифати барањата на Хрватот, но италијанскиот клуб не бил првиот негов избор, пренесуваат медиумите во САД.

Модриќ имал желба кариерата да ја продолжи во Интер Мајами каде би заиграл рамо до рамо со поранешните ѕвезди на Барсеалона – Лионел Меси, Серхио Бускетс и Луис Суарез, но бил одбиен од страна на американскиот клуб.

Хрватот помина 13 години во Реал Мадрид од каде заминува како легенда на клубот со најголем број на освоени трофеи, рекордни 28.

Се вчитува...