Иднината на францускиот голман Мајк Мањан во Милан е целосно неизвесна, откако чуварот на мрежата на „росонерите“ има уште малку од договорот, а интересот од ден на ден е се поголем. Веќе почна да се шпекулира со трансфер во Челси, меѓутоа Милан не сака да го дозволи тоа, и затоа е подготвен да му понуди една од највисоките плати во моментов.
Според „Газета“, Милан е подготвен да му понуди 7 милиони евра годишно, вклучувајќи ги и бонусите. Тој ќе стане најплатениот играч во тимот заедно со Леао, доколку се одлучи да ја прифати понудата.
Договорот на 30-годишниот голман е до јуни 2026 година. Претходно беше објавено дека менаџерите на Мањан побарале 8 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

