Милан не се откажува од напаѓач – следна цел е голгетерот на Фиорентина

Милан одби да го доведе Жан-Филип Матета, тие одлучија да не го направат тоа поради неопходната операција, но Никлас Фулкруг беше доведен од Вест Хем, кој се покажа како солидно засилување, барем засега. 

Сепак, Милан ќе бара напаѓач и во лето, го споменавме Душан Влаховиќ, но јасно е дека ќе им биде тешко да соберат пари за српскиот напаѓач и се свртеа кон напаѓачот на Фиорентина. 

Мојсе Кин е нова цел, Алегри е добро свесен за неговите квалитети бидејќи работеа заедно во Јувентус, но за неговите услуги веројатно ќе биде потребно да се дадат 62 милиони евра. 

Неговиот нов договор е со важност до 2029 година, а Милан ќе се обиде да го потпише за помалку од откупната клаузула. Кин одигра 25 меча за Фиорентина сезонава и постигна шест голови. 

Се вчитува...