Милан продолжува да го засилува играчкиот ростер за наредната сезона откако по комплетираниот трансфер на Рејндерс од АЗ Алкмар, „росонерите“ се пред потпис на шестото засилување за тимот на Стефано Пиоли.
Овојпат станува збор за класичен напаѓач, а откако беше загубена трката за Данјума (потпиша за Евертон), Милан ги интензивираше преговорите со Салцбург за Ноа Окафор. Станува збор за 23-годишен голгетер кој е репрезентативец на Швајцарија, а од 2020 година ги брани боите на Салцбург. Минатата сезона тој настапи на 21 меч во австриското првенство, притоа постигнувајќи седум погодоци, а даде и три гола во Лигата на Шампионите, еден од нив токму на мечот со „росонерите“ од Милано.
Челниците на Милан ги финишираат преговорите за овој трансфер, па италијанските медиуми најавуваат дека веќе се закажани и лекарските прегледи што Окафор ќе треба да ги мине во текот на утрешниот ден, за што поскоро да се приклучи на тренинг-кампот на „росонерите“. Салцбург ќе добие загарантирани 15 милиони евра за овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА