Милан по разочарувачката сезона во која и покрај тоа што беше освоен трофејот во Суперкупот на Италија потфрли во останатите натпреварувања па нема да игра ниту во Европа следната сезона се подготвува за ремонт на составот со ангажман и на неколку искусни фудбалери.
На прагот на премин на „Сан Сиро“ е Лука Модриќ, хрватскиот виртуоз кој се очекува да пристигне како слободен фудбалер, а покрај 39-годишникот новитет во Милан ќе биде и Федерико Кјеза.
Италијанскиот репрезентативец во 2024 година премина во редовите на Ливерпул каде не успеа да ја покаже својата класа па очекувано ќе замине од „Енфилд“. Преговорите се веќе во тек, според италијанските медиуми веќе е постигнат договор помеѓу Милан и Кјеза па остануваат уште да се договорат клубовите.
Ливерпул инсистира трансферот да изнесува 14 милиони евра, но Милан е подготвен да издвои само девет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

