Милан ја продолжи серијата одлични ирги во Калчо-лигата триумфирајќи на гостувањето против Специја со 1-2. Тренерот Пиоли повторно не можеше да смета на Златан Ибрахимовиќ и на Жиру, во таква ситуација и Брахим Дијаз почна од клупата за да добие заслужен одмор пред мечот од ЛШ со Атлетико, но токму Дијаз беше херојот на „росонерит“ со голот што го постигна во самиот финиш, откако влезе во игра во второто полувреме.
Првите 45 минути не донесоа преголеми возбудувања, но затоа суперинтересно беше второто полувреме во кое беа постигнати трите гола. Даниеле Малдини испиша историја откако биеше прецизно и стана трет член од семејството Малдини што постигнува гол за Милан, но Специја успеа да се врати и преку Верде да стигне до израмнување во 80. минута.
Две минути подоцна Пиоли го уфрли во игра Брахим Дијаз, кој во 87. минута биеше прецизно и на асистенција на Салемакерс и ја осигура победата на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА