Младиот Поругалец Ренато Санчес е на прагот да стане нов фудбалер на Милан. Како што известуваат италијанските медиуми, преговорите помеѓу Милан и Баерн Минхен се во завршна фаза. Санчес една сезона ќе биде позајмен на „росонерите“ за сума од 7 милиони евра, а доколку ги оправда очекувањата, италијанскиот клуб ќе доплати до комплетните 40 милиони евра колку што бара германскиот првак за целосен трансфер. Португалецот ќе заработува 3 милиони евра по сезона, идентично како и на „Алијанц арена“.
Новите газди на Милан продолужуваат со „бурното“ лето на трансфер пазарот, а младиот репрезентативец на Португалија ќе биде единаесеттиот играч кој ќе го облече „црвено-црниот“ дрес во овој преоден рок. Јунајтед и натаму покажува интерес за неговите услуги, но челниците на „ѓаволите“ не сакаат да платат толку голема отштета за овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА