Вистинска фудбалска револуција на „Сан Сиро“. Италијанскиот калчолигаш Милан ова лето е најактивниот клуб во Европа, ангажираше десет нови засилувања, а на прагот е уште едно, и тоа многу квалитетно. Португалецот Ренато Санчес, еден од најдобрите млади фудбалери за врска во светот, од Баерн Минхен би можел да се пресели на двегодишна позајмица во Милан. Преговорите се отпочнати и се очекува оваа зделка да се реализира до крајот на викендот.
Ренато Санчез од Бенфика пристигна на „Алијанц арена“ минатото лето, но не успеа да се наметне комплетно во редовите на германскиот првак Баерн Минхен. Настапи на 25 натпревари, но најчесто беше на клупата за резервни фудбалери. Подобра ситуација не му се гарантира ниту за претстојната сезона, со оглед дека сега и Хамес Родригез го засили средниот ред на баварскиот тим. Затоа за него е најдобро да замине во друга средина, а Милан му нуди да дојде и да се испроба во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА