Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, ги негираше извештаите дека капитенот Мајк Мeњан побарал годишна плата од 8 милиони евра за да го обнови договорот што му истекува со клубот на крајот на сезоната.
Тој, исто така, разговараше за можноста „росонерите“ да доведат нов напаѓач во јануари, со оглед на недостатокот на голови од Кристофер Нкунку и Сантијаго Хименез.
„Никогаш не сум слушнал за таа сума, но лесно е да се зборува за Мајк бидејќи е фантастично момче, лидер и тимски играч. Задоволни сме од него, му се допаѓа во Милан и клубот сака да му го обнови договорот. Денес имаме натпревар што сакаме да го добиеме, а потоа ќе разговараме на оваа тема. Нов напаѓач? Тешко е да се најдат играчи во јануарскиот преоден рок кои можат да направат разлика. Сепак, ги држиме очите отворени за да видиме дали има нешто што може да направи за да ја подобри ситуацијата на тимот“, изјави Таре
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

