Милан носи топ-голгетер – доаѓа Нкунку од Челси

Раководството на Милан цело лето е во потрага по нови напаѓачи, за конечно пред самиот крај на преодниот рок да договори ангажман на екстра-голгетер во своите редови.

Станува збор за Кристоф Нкунку, францускиот ас од редовите на Челси кој ги договори условите за петгодишен договор со Милан. Нкунку е решен да си замине од Челси бидејќи не доби соодветна шанса од Енцо Мареска, а откако клубот ги доведем Жоао Педро и Делап стана и повеќе од јасно дека за него нема место во таборот на лондонскиот клуб.

Баерн Минхен покажуваше сериозен интерес, но баварците инсистираа на позајмица, додека Челси јасно стави до знаење дека Нкунку може да си замиине само со перманентен трансфер.

Последните информации говорат дека преговорите меѓу двата клуба минале позитивно, Милан е подготвен за перманентен трансфер, притоа да плати сума од околу 40 милиони евра со вклучени бонуси за Французинот. Останува да се средат уште мали детали, но и кај двата клуба постои оптимизам дека до крајот на денот може да биде постигнат целосен договор.

Ангажманот на Нкунку би можел да не биде и последен ако се знае дека Милан не се откажува ниту од Душан Влаховиќ, па „росонерите“ во следните денови ќе испратат последна понуда во обид да го осигураат потписот на српскиот голгетер од Јувентус.

Се вчитува...