Милан почна преговори со стоперот на ПСЖ, Абду Диало кој е на излезна врата од Париз. ПСЖ бара 20 милиони евра за неговите услуги, иако не е во плановите на Покетино за првите 11.
„Росонерите“ сакаат нов стопер во Јануари за да го заменат Симон Кјер кој ќе паузира до крајотна сезоната поради повреда.
Милан бара од ПСЖ да ја намали цената за Диало, а втора варијанта е да дојде како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, со право на откуп.
Диало може да игра и како стопер, но и како лев бек. Тој во ПСЖ дојде од Борусија Дортмунд, а претходно играше и за Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА