Италијанскиот калчолигаш Милан тргнува во трансфер-револуција откако во клубот се вратија Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Тие се задолжени за реновирање на тимот, а една од првите цели е Лукас Тореира, уругвајскиот интернационалец кој го носи дресот на Арсенал. Новото раководство на „росонерите“ сака да го врати во Серија А каде тој претходно настапуваше за Сампдорија.
Тореира дојде на „Емирати“ за 30 милиони евра минатото лето, а Милан е подготвен да понуди 10 милиони евра повеќе и да го врати во Италија. Уругваецот низ текот на сезоната потенцираше дека тешко се привикнува на животот во Лондон и тоа е адутот на Милан за да се обиде да го доведе на „Сан Сиро“.
„Топчиите“ сериозно размислуваат да ја прифатат оваа понуда, па потоа парите да ги инвестираат за ангажман на Иван Перишиќ од Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА