Италијански Милан ја одби првичната понуда на Манчестер сити за играчот од средниот ред Тијани Рајндерс (26), но се очекува нова понуда од англискиот клуб, објавија британските медиуми.
Холандскиот репрезентативец пристигна на „Сан сиро“ во јули 2023 година од АЗ Алкмар во трансфер вреден 20 милиони евра, а оваа сезона постигна 15 гола и пет асистенции во сите натпреварувања. Британските медиуми тврдат дека Милан ја одбил понудата на Манчестер Сити од 60 милиони евра.
Сепак, тоа нема да го поколеба англискиот клуб, а се очекува нова понуда која треба да изнесува 70 милиони евра. Договорот на Рајндерс со росонерите е до јуни 2030 година, па Милан може да бара висока отштета. Островските медиуми проценуваат дека Италијанците ќе бараат отштета од најмалку 90 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

