Милан остана со само еден здрав дефанзивец

Џенаро Гатузо не може да крене глава од проблеми со повредени играчи на Милан, а ситуацијата дополнително се влоши за време на репрезентативната пауза.

Давиде Калабрија заработи повреда за време на тренинзите на младинската репрезентација, додека најдобриот одбранбен играч на Милан, Алесио Ромањоли, исто таака се повреди и веќе се врати назад во Милано. Веќе е јасно дека двајцата дефанзивци ќе го пропуштат првиот меч по паузата, дербито со Лацио, за кое Гатузо ќе има на располагање само еден централен дефанзивец – Запата.

Стратегот на Милан во следните два месеци нема да може да смета на Билја, Бонавентура, Мусачио и Калдара, а дербито со „лацијалите“ поради суспензија ќе го пропушти и Гонзало Игуаин.

Се вчитува...