Милан оствари рекордна заработувачка од влезници на мечот со Тотенхем

Дури 74.320 навивачи купиле влезница за натпреварот помеѓу Милан и Тотенхем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и тоа на миланскиот клуб му донесе рекордна заработка. Станува збор за нешто повеќе од 9 милиони евра. Тоа се бројки кои никогаш претходно не се видени во Италија, а за Милан тоа е апсолутен рекорд.

Милан ќе заработи и дополнителни 3,5 милиони евра за победата, со тоа „росонерите“ веќе ќе инкасираат повеќе од 12 милиони евра од овој натпревар.

Милан го доби мечот со 1-0 со голот на Диаз во 7. минута и ќе ја брани предноста во Лондон. Реваншот се игра на 8. март.

Се вчитува...