Милан по повеќе од два месеци се врати назад на чело на табелата во Калчо-лигата, откако „росонерите“ славеа со 1-0 над Сампдорија и успеаја да го минат градскиот ривал Интер на првото место.
Како пресуден се покажа одличниот потег на Леао, кој во осмата минута го претрча својот директен чувар, а потоа мајсторски ја смести топката во мрежата.
Милан беше подобар противник до самиот крај на мечот, особено во второто полувреме во кое „росонерите“ создадоа уште неколку одлични шанси, но голманот Фалконе ги запре Жиру, Ребиќ, Тонали и останатите од постигнување на втор гол за својот тим.
Екипата на Милан сега има еден бод повеќе од второпласираниот Интер, но „нероаѕурите“ имаат натпревар помалку, одложеното гостување против тимот на Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА