Милан пак го слави Рафаел Леао

Милан ќе преноќи на чело на калчолигашката табела откако „росонерите“ успеаја да стигнат до цел плен на гостувњето против Калјари, славејќи со минимални 0-1.

И повторно човек на одлука беше Рафаел Леао, кој доби шанса како најистурен во нападот, а еден негов одличен потег се покажа доволен за Милан да стигне до трите бода.

Се играше почетокот од второто полувреме кога едно додавање од десната страна стигна до Леао, а Португалецот во манир на голем стрелец ја смести топката во мрежата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...