Милан пазари во Мадрид: Маријано Дијаз пред портата на „Сан Сиро“

Италијанскиот калчолигаш Милан ова лето сака да пазари од Реал Мадрид. Новиот раководен тандем Паоло Малдини/Звонимир Бобан се обиде да го обезбеди потписот на Лука Модриќ, но откако добија негативен одговор се насочија кон фудбалери кои нема да бидат во прв план кај Зинедин Зидан. Еден од нив е и напаѓачот Маријано Дијаз.

Милан нуди 20 милиони евра за да го доведе Дијаз на „Сан Сиро“. Тој не доби голема минутажа минатата сезона на „Сантијаго Бернабеу“ по враќањето во Мадрид, а претходно играше одлично во дресот на Милан. „Росонерите“ се надеваат дека ќе добијат квалитетен играч во навалната линија како дополнување за Пјонтек и за Кутроне. Андре Силва се врати во тимот по позајмицата во Севилја, но се очекува да биде продаден ова лето.

Се вчитува...