Милан планира нова смена: Алегри се враќа на „Сан Сиро“

Милан вечерва игра против Лече на гостински терен во рамките од 28. коло во Серија „А“. „Росонерите“ се во лоша серија од три порази и едно реми, и само една победа на последните пет натпревари, а вечерва на гостувањето кај Лече немаат друг избор, ако сакаат да изборат место во Европа идната сезона.

Воедно, ако не победи, тогаш Милан веројатно ќе менува повторно тренер, односно ќе му заблагодари на Серхио Консеисао и ќе бара нов тренер.

„Газета“ денеска излезе со вест дека Милан веќе има план да го врати Масимилијано Алегри на Сан Сиро. Алегри кој е без работа откако го напушти кормилото на Јувентус, веќе работеше во Милан и тоа со успех, со оглед дека успеа да освои Скудето со овој тим.

Меѓу кандидатите покрај Алегри, се споменуваат и Роберто де Зерби и Цеск Фабрегас, но Алегри засега е фаворит број 1 за замена за Консеисао.

Се вчитува...