Милан по речиси 100 години заминува од „Сан Сиро“?!

„Сан Сиро“, домот на Милан, односно „Џузепе Меаца“, како што го нарекуваат во Интер наскоро може да замине во историјата по речиси 100 години од своето отварање. Причината за тоа е што стадионот не може да се реконстурира, а двата милански тимови сакаат зголемување на капацитетот за поголеми финансии од продажбата на карти.

На тоа говореше и Паоло Скарони, претседателот на Милан кој изјави дека целта е да изгради нов стадион до постоечкиот со што ќе се задржи „шармот“ на областа Сан Сиро.

„Проектот има цел новиот стадион да се изгради веднаш до постоечкиот. Градоначалникот ја одобрува нашата идеја, но мора да ги убеди и советниците. Тешко дека можеме да го реконстуираме стадионот кој барем два пати неделно има натпревари. Не можеш да имаш и навивачи и работници во исто време и тоа да биде безбедно. Клубовите против кои играме во Лигата на Шампионите заработуваат по 100 милиони евра годишно само од стадионите. Ние во Милан само 35 милиони. Мораме да направиме нешто“, изјави Скарони.

„Сан Сиро“ е отворен во 1926 година и оттогаш Милан настапува на овој стадион. Во текот на годините стадионот помина низ неколку реновирања, а денешниот изглед го доби во 80-тите години на претходниот век во пресрет на Светското првенство 1990 година.

Според пишувањата на италијанските медиуми изградбата на новиот стадион треба да започне во 2025 година и истата ќе чини околку една милијарда.

Се вчитува...