Серијата слаби резултати на Милан конечно е прекината вечерва откако „росонерите“ го декласираа составот на Калјари со 5-1. Пиоли реши да го почне мечот без Рафаел Леао, тоа се покажа како одличен потег бидејќи неговиот тим одигра полетно, одлично креираше и реализираше шанси и ја прекина серијата од четири калчолигашки средби без триумф, за прва победа по повеќе од еден месец (по онаа над Лече на 6 април).
Калјари одолеваше повеќе од половина час, се до 35. минута кога Бенасер одлично се снајде во една мешаница и мајсторски ја смести топката во мрежата. На одмор се замина со 1-0, а Пулишиќ во 59. минута го постигна и вториот гол за Милан.
Нандез успеа да намали на 2-1, но Милан имаше свој одговор, кога Рајндерс постигна прекрасен погодок од над 20 метри и ја врати предноста од два гола за својот тим. Леао влезе во игра во второто полувреме и успеа да погоди за предност од 4-1, пред Пулишиќ со својот втор гол во 87. минута да ги псотави конечните 5-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА