Милан победнички ја стартуваше 2023 година (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан победнички ја стартуваа 2023 година откако во натпревар од 16. коло во италијанската Серија А славеа на гостувањето кај Салернитана со 1-2.

Сите дилеми околу победникот „росонерите“ ги разрешија по само 15 минути игра. Рафаел Леао во 10. минута донесе водство од 0-1, додека на 0-2 зголеми Сандро Тонали пет минути подоцна. До крајот домаќините успеаја само да го ублажат поразот со погодокот на Бонацоли во 83. минута.

Во вториот натпревар од терминот од 12.30 часот Сампдорија на Дејан Станковиќ славеше на гостувањето кај Сасуоло со 1-2.

 

Salernitana 0 – [2] AC Milan – Sandro Tonali 15′ from soccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...