Екипата на Милан има одличен старт на новата сезона во Серија „А“ откако ја забележа третата победа во третиот меч. Можеби и на најтешкиот меч избраниците на Пиоли одговорија одлично, и го победија тимот на Рома на гостувањето во Рим со 1-2.
Жиру од пенал во 9. минута донесе предност за Милан, кој пропушти многу шанси во првиот дел да го зголеми водството.
Затоа тоа му успеа на Леао во првите минути од вториот дел кога по асистенција на Калабрија донесе предност од 0-2. Томори во 61. минута доби црвен картон. Рома преку Спинацола во третата минута од судиското надополнување успеа да намали, но не и да го избегне поразот.
Рома има само еден бод од можни девет и лош старт на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

