Милан почна да бара голман за наредната сезона, затоа што е се поизвесно дека Мајк Мањан ќе си замине од клубот и ќе брани во друга средина. Според извештаите од медиумите, прв пик е голманот на Коринтијанс Уго Соуза, за кого „росонерите“ веќе испратиле понуда.
Понудата од шест милиони плус 2 милиони евра бонуси била наводно одбиена за 26-годишниот голман. Раководството на Коринтијанс смета дека понудата е прениска да се откаже од услугите на својот чувар на мрежата. Клубот поседува 60% од трансферот, додека Фламенго ги има останатите 40%.
Соуза одигра 25 меча во бразилскиот шампионат, и прими 30 голови. Станува збор за голман висок 198 сантиметри, и многумина го споредуваат со легендарниот Нелсон Дида кој беше дел од Милан во минатото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

