Милан е заинтересиран за следната сезона во своите редови да го донесе Филипе Кутињо, играч на Барселона. Клубот ова лето го напушти Турчинот Чалханоглу, а Бразилецот од редовите на Барса се смета за некој што може да го замени.
Најголем проблем може да биде платата. Кутињо добива 12 милиони евра по сезона, а неговиот договор истекува во 2023 година.
Минатата сезона Кутињо одигра само 12 натпревари за Барселона во Примера, а потоа го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на мускулот. За Роналд Куман овој фудбалер е во втор план од почетокот на неговиот мандат и тоа веројатно нема да се промени.
Затоа, не би било изненадување Кутињо повторно да замине во Милано. Тој беше играч на Интер од 2008 до 2013 година, но поголемиот дел од тој мандат го помина на позајмица. Тој постигна три гола за Интер на 28 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА