Милан под истрага поради навреди кон својот градски ривал Интер

Славјето на Милан за освоената титула после 11 години пауза вчера беше проследено и со неколку скандали, пред се скандирања на фудбалерите кон нивниот градски ривал Интер, кој остана без титулата во финишот од сезоната во Серија „А“.

„Росонерите“ на крајот се радуваа на титулата со два бода предност пред Интер, а Скудетото го „презедоа“ токму од својот градски ривал, кој минатата година беше шампион на Италија и ја прекина доминацијата на Јувентус.

Имаше многу непријатни изјави од фудбалерите на Милан при славењето, а најмногу тоа се однесува на Раде Круниќ и Мајк Мињан кој подигнаа транспарент со натпис: „Забијте си го трофејот од италијанскиот Куп во задникот“.

Тоа беше навредлива порака за Интер, а на глупостите им немаше крај, па се уклучи и Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот со одредена доза на исмевање на навивачите им порача: „Момци, пратете му порака на Хакан…“, алудирајќи на Чалханоглу кој што минатото лето го напушти Милан да се пресели во Интер образложувајќи го потегот дека сака да освојува титули.

Италијанските медиуми сега пренесуваат дека Милан го чека казна, со оглед дека е покрената дисциплинска постапка од Комисијата на фудбалскиот сојуз на Италија.

Се вчитува...