Серџо Консеисао се фати за работа откако потпиша договор со Милан, но вистинските предизвици допрва претстојат, како за новиот тренер, така и за челниците на италијанскиот гигант на кои им е јасно дека ќе мораат што поскоро да се активираат на пазарот за „росонерите“ да се вратат на победнички патеки и да се вмешаат во трката за висок пласман.
Засилување на нападот ќе биде приоритет за јануарскиот преоден рок, а на врвот на листата со желби се наоѓа Дарвин Нуњез од Ливерпул. Уругваецот беше платен 85 милиони евра и не ја оправда инвестицијата, тој веќе доби неколку шанси од новиот тренер Арне Слот, но Дарвин останува петта опција во нападот на Ливерпул (зад Салах, Дијаз, Гакпо и Жота). Управата на Милан ќе се обиде да го искористи тоа, па веќе е подготвена и понуда што ќе биде испратена до англискиот гигант, за позајмица на Дарвин на шест месеци за отштета од пет милиони евра.
Во договорот би имало и клаузула за откуп за дополнителни 45 милиони евра на крајот од сезонава. Челниците на Ливерпул се подготвени да преговараат со „росонерите“, но нивни услов ќе биде клаузулата да биде за задолжителен откуп во јули 2025, со што „црвените“ и дефинитивно би го продале Нуњез по завршувањето од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА