Фудбалерите на Милан доживеаја вистинска катастрофа на стартот на новата сезона во Серија А, откако во првото коло на домашен терен беа поразени од новајлијата во италијанската елита, Кремонезе со 1-2.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Баширото во 28. минута. До крајот на првиот дел „росонерите“ успеаја да израмнат преку Павловиќ во првата минута од судиското продолжение.
Конечните 1-2 беа дело на Бонацоли во 61. минута.
AC Milan 1 – [2] Cremonese – Federico Bonazzoli 61'
byu/Cute_Office277 insoccer
Во вториот натпревар од вечерашната понуда Рома на домашен терен славеше со минимални 1-0 против Болоња, а стрелец ана победничкиот гол беше Весли Франка во 53. минута.
AS Roma [1] – 0 Bologna – Wesley Franca 53'
byu/Cute_Office277 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

