Милан постигна договор за трансфер на Рабио

Искусниот француски фудбалер Адриен Рабио во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на Милан откако „росонерите“ постигнаа договор со Марсеј за трансфер на 30-годишникот.

Станува збор за трансфер вреден само 10 милиони евра по кој Французинот ќе потпише четиригодишен договор со Милан.

За него тоа воедно ќе претставува и камбек во Серија А каде од 2019 до 2024 година настапуваше за Јувентус.

Се вчитува...