Милан потпиша со најмладиот стрелец во историјата на Калчо-лигата

Милан денеска доведе нов голгетер во своите редови комплетирајќи ја позајмицата на Пјетро Пелегри од редовите на Монако. Станува збор за играч кој пред три години важеше за „чудо од дете“, откако на 16-годишна возрат постигна гол за Џенова на дуелот со Рома, станувајќи најмлад стрелец во историјата на Серија А.

Се крена голема „фама“ околу Пелегри, кој за сума од 21 милион евра се пресели во Монако, но никогаш не ги оправда очекувањата во таборот на „кнезовите“. Тој сега има само 20 години, а трансферот во Милан му е можност за враќање во посакуваниот ритам, но нема да му биде нималку лесно ако се знае дека секако важи за резервна опција зад Ибрахимовиќ, Жиру и Леао.

Милан го официјализираше трансферот, обелоденувајќи дека Пелегри пристигнува на едногодишна позајмица, која може да се претвори во обврзувачки трансфер следното лето доколку се исполнат одредени услови.

Пелегри ќе го носи дресот со број 64 на Милан во оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...