Милан е на добар пат да стигне до ново засилување во одбраната, пренесуваат италијанските медиуми. Преговорите за ангажманот на Џафер Тангaнгa од Тотенхем се одвиваат во посакуваното темпо и наскоро се очекува да биде и официјално претставен.
Дваесетитригодишниот Анличанец кој не е во планот на Антонио Конте веќе ги договорил личните услови со „росонерите“ и останува уште да англискиот и италијанскиот клуб да се договорат каква ќе биде позајмицата. Тотенхем сака во договорот да има и обврска за купување, додека Милан тоа да биде опција.
Доколку се реализира трансферот тоа ќе биде втор играч кој ќе го засили Милан на стоперската позиција од Премиерлигата по Фикајо Томори. Англичанецот кој во минатото ги бранеше боите на Челси помина полусезона на позајмица во дресот на „росонерите“, а од летото 2021 и официјално го промени клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

