Милан кој претрпе тежок пораз од Кремоненсе на стартот на новата сезона во италијанското првенство е на добар пат да стигне до посакуваното засилување во името на Конрад Хардер.
Преговорите за ангажман на 20-годишниот дански голгетер се во завршна фаза и се одвиваат во посакуваното темпо, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.
Ангажманот на Хардер ќе ги чини „росонерите 24 милиони евра со тоа што оваа сума може да се искачи на 27 милиони евра со дополнителни бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

