Додека навивачите на Милан се во исчекување на продолжување на договорот со Рафаел Леао, раквоодството веќе работи на засилувањата за следната сезона. Според италијанските медиуми, росоњерите веќе имаат обезбедено две нови имиња кои ќе бидат промовирани на лето.
Едното од нив е Мауро Икарди, кој во минатото го носеше дресот на Интер, и тоа ќе биде еден вид предавство од овој напаѓач, кој во моментов настапува како позајмен во Галатасарај. Икарди долго време се поврзува со „кам-бек“ во Милано, но од другата страна, а сега се чини ќе има реализација на овој трансфер.
Второто име со кое се шпекулира дека ќе дојде во Милан е англискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик. Играчот на Челси се поретко добива шанса во таборот на „сините“ и тој ќе биде еден од многуте кои ќе го напуштат „Стемфорд Бриџ“ престојното лето, и е многу блиску да се пресели во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА