Милан пред потпис со Марио Манџукиќ

Милан е на добар пат да ја заврши потрагата по нов голгетер со потпис на Марио Манџукиќ, откако „росонерите“ пред неколку дена ги стартувале преговорите со хрватскиот голгетер. „Супер Марио“ е без клуб по заминувањето од Ал Духаил, па иако во последните месеци беше поврзуван со клубови од Русија и од Турција, договор не беше постигнат.

Кога станува збор за Милан, Манџукиќ е подготвен да ги намали личните барања, се со цел повторно да биде дел од амбициозен клуб со кој ќе атакува на ново скудето, по освоените шампионски титули како член на Јувентус. „Скај Италија“ јавува дека преговорите течат во позитивна насока и Манџукиќ до крајот на неделава би можел да потпише со „росонерите“, каде би бил прва резерва на Златан Ибрахимовиќ.

Милан е во преговори и со Торино за да го доведе 22-годишниот играч за врска, Суали Меите. Понудата на „росонерите“ изнесува еден милион евра за шестмесечна позајмица, со клаузула за целосен откуп од дополнителни седум милиони евра.

Се вчитува...