Милан е еден од најактивните клубови на трансфер-маркетот овој јануари, а по доведувањето на Суалио Меите, Марио Манџукиќ и Фикајо Томори, клубот продолжува со „шопингот“. Следно на листата не желби е засилување на позицијата лев бек, а откако преговорите за доведување на Жуниор Фирпо од Барселона пропаднаа, италијанскиот состав се насочи кон Франција, Германија, Португалија и Бразил.
На врвот на листата се наоѓа дефанзивецот на Марсеј, Џордан Амави, кој е стандарден во францускиот состав, но со оглед на повредата која го оддалечи од терените во последните шест натпревари, погледите на Милан најверојатно ќе се насочат кон Аузбург и 23-годишниот Јаго. Бразилецот оваа сезона одигра 12 натпревари, а забележа еден погодок и две асистенции. На овој список се наоѓаат уште Нуно Мендеш од Спортинг и Матијас Вини од Либертадорес.
Целта е јасна, доведување на играч кој ќе биде резерва за неуморниот Тео Хернандез, кој за две сезони на „Сан Сиро“ се наметна како еден од најквалитетните бекови во Европа, оваа сезона на 15 настапи во италијанското првенство има четири гола и три асистенции, па затоа и листата на желби на „росонерите“ нема звучни имиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

