Милан загуби важни бодови во трката за највисок пласман откако „росонерите“ одиграа само 2-2 на гостувањето против Парма, меч што мораа да го добијат откако по 25 минути игра имаа водство од 0-2 што сепак не успеаја да го претворат во конечен триумф.
Салемакерс беше клучната фигура во овој дел од мечот, постигнувајќи го голот за 0-1, а потоа врз него беше направен и пеналот за 0-2 што во погодок го претвори Леао.
Парма пред крајот на првото полувреме намали преку Бернабе, а Дел Прато во вториот дел целосно ги врати домаќините израмнувајќи на 2-2.
Милан повторно заигра офанзивно, а тимот на Алегри промаши два зицери во завршницата преку Пулишиќ и Салемакерс, па мораше да се задоволи само со еден наместо со посакуваните три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

