Резултатската криза дефинитивно е зад Милан откако Џенаро Гатузо успеа да ја наметне својата филозофија, а со самото тоа дојдоа и резултатите за тимот од „Сан Сиро“. Милан за првпат сезонава успеа да врзе три победи во низа откако вечерва славеше на дербито со Лацио со 2-1, искачувајќи се на седмото место на табелата.
Гатузо се реши да му даде предност на Кутроне во нападот пред Калиниќ и Андре Силва, што се покажа како вистински потег бидејќи токму овој млад голгетер го отвори резултатот со прецизен удар со глава. „Лацијалите“ израмнија преку Марушиќ, за пред самиот крај на полувремето Милан да постигне и втор гол, повторно со глава, овојпат дело на Бонавентура.
За Лацио со овој резултат беше прекината серијата од шест натпревари без пораз, но римскиот клуб сепак се задржува на третото место на табелата, пред Интер и Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА