Милан одигра 1-1 против Рома во последниот натпревар во Серија „А“ за двата тима за оваа година. Натпреварот го одбележа и исклучувањето на тренерот на Милан, Пауло Фонсека кој пред крајот на првиот дел ги загуби нервите и беше испратен на трибините.
А, се така добро тргна за Милан, откако во 16. минута погоди Реијндерс. И кога се чинеше дека Милан ја има контролата, Рома успеа да израмни.
Дибала беше стрелец на израмнувачкиот гол во 23. минута од средбата кога по една супер акција ја смести топката во мрежата.
Иако според статистиката Милан беше поблиску до победата, сепак, Рома во вториот дел преку Паредес ја погоди пречката. Претходно Чукуезе од Милан имаше добра шанса за да донесе предност од 2-1, но на крајот немаше победник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА