Милан Ристовски и Трнава ќе играат финале во купот на Словачка

Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски и неговата Спартак Трнава се пласираа во финалниот натпревар од националниот куп на Словчака, откако денеска славеа и во реваншот од полуфиналето против Тренчин.

По победата во првиот меч на гостувањето од 1-2, Ристовски и соиграчите вечерва на домашен терен славеа со 3-0. Прочашка во 44. минута од првото полувреме донесе водство од 1-0 за домаќините. Голот за 2-0 беше дело на Буката во 67. минута, додека конечните 3-0 ги постави Азеведо во 90. минута.

Нашиот репрезентативец натпреварот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе на почетокот на второто полувреме на местото на Таиво.

Се вчитува...