Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година е пред голем предизвик, в четврток ја пречекува силната селекција на Шпанија. Но, напаѓачот Милан Ристовски вели дека нашите надежи имаат огромна желба за докажување и дека ќе влезат во овој меч со намера да ги освојат трите бода.
„По сите случувања во изминатиот период, сите фудбалери и стручниот штаб имаме голема желба да се докажеме. Со Шпанија не очекува тежок натпревар, можеби и најтежок во оваа група во однос на останатите репрезентации. Се подготвуваме, имаме играно против нив и знаеме што да очекуваме. Со овој селектор ние на секој натпревар одиме на три бода. Нашата цел е јасна, јас верувам во моите соиграчи, во овие момци и оваа генерација. Се надевам на добар меч во четврток“, изјави Ристовски.
Пред десет месеци, Македонија загуби од младата репрезентација на Шпанија на гости со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА