Милан Ристовски од Ријека на позајмица во Словачка

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски и новата сезона најверојатно ќе ја дочека како позајмен фудбалер од редовите на хрватскиот прволигаш Ријека.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, 21-годишниот Ристовски и следната сезона ќе ја мине на позајмица откако изминатата ја мина во редовите на словенечкиот прволигаш Кршко. Ријека повторно планира да го испрати на „калење“ овој пат во најсилната лига на Словачка. Се навестува дека негов нов клуб ќе биде Серед каде тренер е Славчо Војнески, а на позајмица од Арсенал престојнава сезона ќе настпува и голманот Дени Илиев.

Ристовски, кој е помлад брат на членот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, претходно во македонското првенство настапуваше за Работнички.

Се вчитува...