Милан Ристовски со гол ја отвори новата сезона во Словачка

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски на најдобар можен начин ја почна новата сезона во словачкиот шампионат со погодок учествувајќи во победата на Спартак Трнава од 2-0 против Моравце-Врабле.

Ристовски во 47. минута од средбата го постигна вториот гол за својот тим на мечот. Самуел Стефаник уште во првата минута го отвори резултатот.

Милан Ристовски минатата сезона беше еден од најдобрите поединци во составот на Спартак Трнава, изборувајќи и за стандардно место во најдобрата македонска репрезентација.

Се вчитува...