Милан Ристовски во тимот на колото во Словачка

Милан Ритовски се најде во идеалниот тим на 9. коло од словачкото првенство откако оствари аве асистенции во поразот на неговата Спартак Трнава. Подобар од составот на Македонецот беше Ружомберок кој славеше со 2-3, но нашиот напаѓач го одбележа мечот.

Македонскиот интернационалец оваа сезона настапи на сите девет натпревари во Првата словачка лига, а и покрај двете асистенции забележа и два гола.

Се вчитува...