Италијанскиот калчолигаш Милан со новите кинески сопственици има план да се врати во врвот на Серија А, а потоа и повторно да биде еден од најдобрите клубови во Европа. Затоа новото раководство ова лето ќе тргне во реновирање на тимот, а една од најголемите желби на „росонерите“ е Хрватот Лука Модриќ. Шпанскиот „Дон Балон“ тврди дека Милан е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе на „Сан Сиро“.
Хрватскиот интернационалец е еден од носителите на играта на „кралевите“ во средниот ред, но, сепак, веќе има 32 години, па ваква понуда Флорентино Перез и Зинедин Зидан сигурно ќе ја разгледаат со големо внимание.
Милан засега како нови засилувања ги договори Мусакио од Вилјареал, Кеси од Аталанта и Родригез од Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА