Дивок Ориги нема намера да си замине од Милан, и речиси сигурно останува и следната сезона дел од „росонерите“. Во последните денови се шпелкулираше дека Ориги ќе се врати во Премиерлигата, и ќе оди во Вест Хем како дел од трансферот на Џанлука Скамака на „Сан Сиро“, но сега Милан ќе треба да бара друго решение.
Ориги дојде во Милан како слободен од Ливерпул минатата сезона, но во првиот шампионат не покажа ништо од неговите квалитети. Токму од тука Милан мислеше да го даде за друг напаѓач, но веројатно тоа нема да се случи.
Исто така имаше понуда и од Саудиска Арабија. Платата на Белгиецот во Милан му е 4 милиони евра, и една од причините зошто поранешниот првак на Италија сака да се раздели од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

