Милан само со реми против Комо ја препушта титулата на градскиот ривал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан одиграа само реми 1-1 на домашен терен против Комо во одложениот натпревар од 24. коло од новата сезона во италијанската Серија А.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на еден од најголемите фудбалски таленти во светот, Нико Паз во 32. минута. Конечните 1-1 беа дело на Рафаел Леао во 64. минута.

Со ова реми Милан сега е на минус седум од својот градски ривал Интер кој го држи врвот на табелата во Серија А.

Milan [1] – 1 Como – Rafael Leão 64'
byu/ayoefico insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...